Почна протестот против отворањето на рудникот Иловица-Штука

Од:

Во струмичко Босилово почна протестниот марш против отворање на рудникот Иловица – Штука.

Стотина поддржувачи на организаторот Младите од Иловица и Штука, како активисти на еколошките здруженија и жители од селата, со трнспаренти на кои пишува „Стоп за рудникот на смртта“, тргнаа кон општинската зграда на Босилово каде што со протестен говор ќе ги испратат своите барања.

Извикуваат „Ние одлучуваме“, „Рудник нема да има“, „Профитери назад“.

Ова е еден од низата протести во последниве две години на кои се бара да се спречи отворање на рудникот за бакар, и жителите ппрачуваат концесионерот „Еуромакс рисорсис“ да си замине од тука.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Рудите значајна тема на Г7 Самитот – Македонија не го прати геополитичкиот тренд изоставајќи ресурси како бакарот во Иловица

15 инвестиции за 300 милиони, додека „Иловица – Штука“ вредна 340 милиони евра сè уште чека одлука

Горан Наумовски

Професорот Начевски: Со најсовремени технологии за заштита, проектот Иловица може да биде во функција на економијата без да ја загрози животната средина

Државата воведува ред и двојно профитира од рудниците – колкав буџетски прилив ќе има од инвестициите како „Иловица“?

Додека Канада копа за иднината, Македонија расправа дали да ги користи сопствените ресурси

Инвестициите како „Иловица-Штука“ ќе се охрабрат – новата Фискална стратегија предвидува инвестициски бум