ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што СДММ и СДСМ ги боли вистината, тоа е нивен проблем

Од:

„Тоа што СДММ и СДСМ ги боли вистината, тоа е нивен проблем. Граѓаните гледаат како живеат децата на власта. Јавноста гледа во каков луксуз и привилегии уживаат децата на функционерите на власта, а како едвај крај со крај врзуваат останатите граѓани и млади во Република Македонија.

Додека огромен број граѓани и млади живеат со својот труд тонејќи во бесперспективноста која што ја наметна овој криминален картел на власт, мал дел од децата на функционерите добиваат повластени вработувања под државна капка кај што ќе земаат натпросечни плати.

Додека се повеќе млади заминуваат од Македонија заради упропастената иднина во својата татковина, децата на функционерите речиси секој месец одат на луксузни одмори во монденски места во странство и пак се враќаат дома кај своите родители-функционери за да земат џепарлак или плата од некоја државна фирма изразени во баснословни суми.

Дури и тие од СДММ кои денес држат прес конференции може да сонуваат за животот, луксузот и привилегиите кои ги добиваат децата на функционерите на партијата.

Поделбата на младите ја прават Заев и криминалниот картел на власт. Од една страна се 47.6% од младите кои се невработени, а над 140 илјади живеат во сиромаштија. Од друга страна се децата на Мира Дизел Стојчевска, Милева Ѓорѓиева, Грчев, Бучковски, Локвенец, Мисовски, Шилегов, Лалчевска, Николовска, Фрчовски и десетина други од врхушката од власта кои добиваат вработувања затоа што се или најдобри или единствени кандидати или пак се одмораат на луксузни места“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Александар Димитриевиќ од СДММ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната