ВИДЕО: СДСМ ја осудува ниската, валкана и неморална кампања на Јаулески, УМС и Мицкоски

Од:

„Заглавени во сопствената безидејност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили спроведуваат ниска и неморална кампања. Злоупотребуват приватност, ги вмешуваат децата и семејствата на политичари.
Објавеното видео на социјалните мрежи од страна на Јован Јаулески, претседател на УМС, на кое приватни фотогорафии на деца на политичари се ставени во друг контекст, не е само упад во приватноста туку директно посегнување по семејствата.

Таквиот однос и злоупотребата на семејствата, на приватноста, не треба никогаш да биде дел од партиската или политичка дискусија“, рече Александар Димитриевиќ, од СДММ.

„СДСМ најостро го осудува овој срамен и неморален потег на УМС, на Јаулески и на Христијан Мицкоски.
Осудуваме секаков обид децата и членовите од потесното семејство да се злоупотребуваат во дневнополитички цели, во измислени контексти кои немаат врска со реалноста.

Семејството има посебна важност и не смее да биде користено во партиската и политичка комуникација.

Во оваа насока СДММ го осудува и нападот кон синот на Гордана Силјановска и обидите за негова дискредитација или злоупотреба во други цели.

Оваа мизерна кампања на УМС и Мицкоски треба да престане. Тоа што немаат идеја, немаат програма ниту став за важните прашања не е изговор.

Ваквата ниска и неморална пракса која многу потсетува на манирите на режимските кампањи на Никола Груевски не носи добро никому, ниту буди поттик или позитивни промени за младите.

Напротив, таквото неморално дејствување на УМС е со цел да создава раздор, конфликт, омраза и ја вмешува политиката таму каде што не и е местото.

Очигледно ништо не се променило, за Христијан Мицкоски, УМС и ВМРО-ДПМНЕ нема никакви морални бариери ниту вредности. Младите, граѓаните јасно можат да го видат тоа“, изјави Александар Димитриевиќ, од СДММ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“