ВИДЕО: Дончиќ и Новицки го предводеа Далас до убедлива победа над шампионот

Од:

Тежок пораз од 91:126 доживеа шампионот на НБА, Голден Стејт во својата сала во Оукленд од Далас. Лука Дончиќ и Дирк Новицки одиграа брилијантен меч и ги поведоа „телињата“ до неочекувана победа. Дури и изненадувањето на победата на Далас не е толку изненадување за начинот на кој дојде до тоа.

„Воините“ одиграа очаен натпревар, од самиот почеток беа во минус и губеа многу рано со 22:7, по што почна слободниот пад, а Далас запиша висока победа. На полувреме, Далас имаше огромна предност од 74:46. До крајот на мечот, гостите мирно си ја одработија задачата.

Најдобар кај Далас беше Дончиќ со „трипл-дабл“ учинок – 23 поени, 11 скокови и 10 асистенции, и Новицки со 21 поен (5/8 од тројка) и пет скокови.

Кај Голден Стејт, Кевин Дурант постигна 25 поени со 5 скокови, а ДеМаркус Казнс остави зад своето име 19 поени и 6 скокови.

Резултати од НБА:

Шарлот – Бостон 124: 117
Вашингтон – Мајами 108: 113
Атланта – Филаделфија 129: 127
Чикаго – Јута 83: 114
Мемфис – Минесота 99: 112
Голден Стејт – Далас 91: 126
Портланд – Детроит 117: 112
Сакраменто – Феникс 112: 103.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он