Сите 1.300 луѓе кои беа на крузерот на која му откажа моторот недалеку од западниот брег на Норвешка се спасени, соопштија норвешките официјални претставници.
Осум лица се повредени, а тројца се во критична состојба, јави Би-Би-Си.
Just before the SHTF! #VikingSky #Mayday pic.twitter.com/NONvQl4dBr
— Alexus Sheppard ?️? (@alexus309) March 23, 2019
На крузерот „Викиншко небо“, најмногу имаше Британци и Американци.
Пет хеликоптери и неколку спасувачки бродови учествуваа во спасувачката акција во текот на целата ноќ, а еден од бродовите имал проблеми со моторот, така што два хеликоптери биле пренасочени за спасување на екипажот од тој брод.
Норвешкиот метеоролошки институт соопшти дека временските услови се многу неповолни, со бранови што достигнувале височина од 10 метри.
Бродот припаѓа на „Викинг оушн Крузес“, дел од „Викинг Круз груп” на норвешкиот милијардер Торстен Хаген.