ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот ја влече Македонија на дното

Од:

„Заевизмот на Република Македонија и граѓаните им донесе губење на националното достоинство, сиромаштија и криминал на дневна основа. Црнилата на криминалниот картел на СДСМ направија хаос во државата, создадоа поделби, а животот на граѓаните од ден на ден го направија се потежок.

Власта која ветуваше правда за секого, во реалноста донесе неправда. Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев. Заевизмот ги зароби институците и донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо и чиј единствен грев е што се спротиставиле на Заев, додека луѓе кои се бореа за ИСИС и масакрирале стотици добија само 6 години затвор.

Неправдите, лагите и понижувањата на СДСМ и Заев допреа до секој еден граѓанин.

Ветуваа подобар стандард и бизнис клима, но ништо од тоа се нема случено. Економијата убедливо ја забетонираа на дното на Европа и ги покачија даноците за да може да си договараат матни тендери во 4 очи на грбот на граѓаните на Република Македонија.

Ветувањата за повисоки плати и пензии станаа мртво слово на хартија, земјоделците се понижени, а наместо подобро здравство донесоа здравство во кое ни се случуваат епидемии, умираат луѓе и се носат црни тендери.

Наместо да го остварат ветувањето дека ќе ги вратат младите назад, СДСМ го забрзаа иселувањето и направија егзодус на кадри. Откако е СДСМ на власт забрзано расте сиромаштијата кај младите и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата.

Заевизмот ја влече Македонија на дното, неправдите, криминалот и сиромаштијата станаа секојдневие. На граѓаните на Република Македонија потребни им се промени и сигурна иднина за нив и за нивните деца.

Токму затоа неопходно е да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот. Победа на претседателските избори ќе значи предвремени парламентарни, а тоа ќе донесе крај на оваа црна власт на Заев и подобро утре за Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче