Наставните програми и учебниците во фокусот на раговорите на вториот состанок на Заедничкиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција

Од:

Новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка, потврдија одлучна заложба делегациите Северна Македонија и на Грција на Вториот состанок на Заедничкиот интердициплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, оформен согласно Преспанскиот договор.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, делегациите на заедничкиот Комитет имале суштинска дебата и усвоиле интензивен работен план за постигнувањето на заеднички прифатените решенија, врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.

– Работејќи во колегијална и конструктивна атмосфера, двете делегации особено внимание посветија на прашањето за наставните програми и учебниците што се во употреба и договорија нивно усогласување согласно духот и словото на Преспанскиот договор. На Вториот состанок е потврдена одлучната заложба на членовите на Заедничкиот комитет, новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка, се наведува во соопштението на МНР.

Делегациите одлучиле следниот состанок на Заедничкиот Комитет да се одржи во Атина на 12 и 13 април оваа година, на кој што се очекува работата од вториот состанок да биде надградена и унапредена, а со цел да се формулираат препораките за идно одобрување од страна на Советот за соработка на високо ниво.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски