Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со граѓаните на општина Битола.
На средбата тој посочи дека од досегашните средби што ги имал со голем број на граѓани ширум Македонија слушнал само лоши работи за начинот на кој работи владата на СДСМ и Зоран Заев, нагласувајќи дека за многу брзо ќе дојде моментот кога токму граѓаните ќе треба да го казнат Заев и неговото криминално управување со државата.
– Луѓето се чуствуваат измамени, луѓето се чуствуваат понижено од оваа власт. Ветуваа плата од 500 евра плата, а такви плати нема, ветуваа добра бизнис клима а единствено што направија е што покачија даноци, кој сега ги плаќа народот, вели Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека токму од граѓаните зависи дали ќе веруваме во лажните ветувања на Заев и СДСМ за повисоки пензии или ќе веруваме во она што е реалност, а тоа е дека не само што не се покачуваат пензиите туку тие се намалуваат.
– Од сите нас зависи, дали ќе верувате во ветувањето за повисоки пензии на власта, или она што е реално, а тоа се укинати покачувања и пензии кои не растат, од сите нас зависи дали ќе верувате во чистиот воздух за кој се фалеа дека ќе го донесат, или оние неславни рекорди за најзагаден воздух во Европа и светот, кажа Мицкоски.
Според претседателот Мицкоски, Зоран Заев и неговите министри не ги интересирало функцијата за да направат нешто добро за граѓаните се со цел да се решат нивните проблеми и ќе го подигнат животниот стандард, туку нив единствено што ги интересира се функциите за пари.
– Ветуваа дека ќе ја направат РЕК Битола како швајцарски саат да работи, нема месец без да испадне најмалку еднаш или два пати блокот во РЕК Битола. А се сеќавам тој истиот сега таму кои што тендери во четири очи си дели со фурма тука на сите нас позната во Битола, на мафијашки начин, додека се сонча во скапи ресорти и скија на скапи планини, се пењавеше, се препелкаше како опозиционер, а сега го нема никаде да ја слушне критиката. Никаде го нема да излезе да каже згрешив не било така, лажев за пусти пари била работата. Пари биле работата, ништо друго. Пари го интересирало, функција за пари, а не функција за да направат да му биде на народот подобро. Не критикуваат зошто само сме критикувале а не сме нуделе решение, ќе повторам нека распише он избори ќе ги слушне реченијата, посочи Мицкоски.
