А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Што има ВМРО-ДПМНЕ против вработување на млади доктори во јавното здравство?

by А1он23/03/2019 - 17:24254
Share0

„Конфузното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни информации.

Следете a1on на Instagram Instagram

Процесот за доделување лиценци за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува е спроведен транспарентно со почитување на сите законски процедури за доделување на концесија што лесно може да се провери. Концесиите се доделени со одлука од Управен одбор на Здравствен Дом Скопје и решение од Минитерствот за Здравство.

ВМРО-ДПМНЕ е конфузна. Прво тврдат дека доволно матични лекари а, потоа го напаѓаат Министерството затоа што отвора работни места За нови млади лекари кои решиле да останат во државата.

Што има против ВМРО-ДПМНЕ да се вработуваат млади лекари во јавното здравство?

Следете a1on на Youtube YouTube

За разлика од нив кои го урнисаа здравствениот систем и ги понижуваа здравствените работнции, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сите лекари да останат тука да работат. Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство.

Значајно се зголемија платите на сите здравствени работници, докторите, медицинските сестри и останатиот немедицински персонал, а зголемувањата на платите продолжуват и оваа година. Минатата година за првпат се обезбедени средства за вложениот труд на приватните специјализанти.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување мерки кои ја враќаат довербата во јавното здравство со цел младите лекари и медицински сестри да работат во јавното здравство, а не да заминуваат надвор од земјата“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

Горан Наумовски06/07/2026 - 12:55

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски06/07/2026 - 12:1706/07/2026 - 12:40

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски06/07/2026 - 08:5406/07/2026 - 09:31

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

Катерина Ѓуровски05/07/2026 - 20:20

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

Катерина Ѓуровски05/07/2026 - 13:58

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Катерина Ѓуровски02/07/2026 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто