ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ на власт стана земја на сиромаштија, криминал, политички прогон и неправди

Од:

„Република Македонија со СДСМ на власт стана земја на сиромаштија, криминал, политички прогон и неправди. За да ги покрие своите криминали но и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните, власта почна да креира црно сценарио на поделби и прогони.

Политичкиот прогон во земјава стана секојдневие. Тие кои први го кренаа гласот против продажбата на државните интереси и погубните политики на Зоран Заев станаа и први жртви на заевизмот.

Недолжни граѓани ги полнат затворите, додека премиерот е ослободен за поткуп иако цела јавност виде како бара мито од 200.000 евра. Патриоти кои цел живот го посветиле за безбедноста на државата добиваат максимални казни затвор, а борци на ИСИС кои масакрирале луѓе добиваат три пати пониски казни.

Додека власта со политички прогон си ги брани сопствените криминали, државата секојдневно тоне на секое можно поле.
Економијата ни е закована на дното, а БДП е со најнизок раст во Европа и регионот. Наместо да расте економијата, растат сиромаштијата, даноците и корупцијата.

Нема 500 евра просечна плата, нема повисоки плати за лекарите и професорите, нема повисоки пензии, нема ни подобар стандард за младите, но затоа има вработувања за блиските и фризерките на функционерите од власта.

Власта ветуваше иднина за младите, но во реалноста го забрза иселувањето. Над 140.000 млади живеат под прагот на сиромаштијата и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата.

Ветуваа подобро здравство, а донесоа здравство во кое умираат луѓе и се местат матни тендери. Нема пари, за пензионерите, но има за луксузите на власта.

Власта која викаше дека ќе ни го зацврсти идентитетот, всушност го смени името на државата и ги присили сите институции и столбови на државноста да го променат името и да го изгубат својот институционален идентитет.

СДСМ и Заев донесоа само неправди, криминал и нечесност на секој чекор, а тоа не носи иднина за граѓаните и државата. Токму затоа граѓаните ќе се спротивстават на заевизмот и ќе се изборат за правда, владеење на правото и подобра иднина за себе и идните генерации и за Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски