Шуто Оризари за прв пат доби читална за студенти

Од:

Денеска, за прв во општина Шуто Оризари се отвори читална за потребите на студентите Роми од оваа општина.

Читалната која е позиционирана во просториите на СУГС ,,Шаип Јусуф” е отворена со поддршка на локалната самоуправа, во соработка со СУГС ,,Шаип Јусуф”, а во иницирање на студентите Роми.

На отворањето се обрати Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, кој во своето излагање истакна дека читалната се отвора за потребите на студентите со цел обезбедување на простор за учење.

Тој напомена дека вратите на општината се отворени за сите младински иницијативи и нови идеи. Потребни се млади Роми со желба и ентузијазам да придонесат во заедницата, бидејќи само преку позитивни примери се развива просперитетно општество.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Во Шуто Оризари ќе се изгради нов Културен дом „Есма Реџепова“

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on