ВМРО-ДПМНЕ: Политички затвореници не се одлика на демократска држава

Од:

„Македонското судство го допре дното пресликувајќи ги двојните аршини, непринципиелноста и неморалноста на Зоран Заев и Стево Пендаровски.

Политичкиот прогон стана пракса за справување со политичките противници на заевизмот. Оние кои први го крена гласот против неговите погубни политики беа првите жртви на заевизмот.

Срамен е фактот што повратниците од војните на Блискиот Исток, терористи кои се бореле на страната на ИСИЛ, кои егзекутирале луѓе на идеолошка основа, добија затворски казни од 6 години, три пати помали казни од оние кои им беа изречени на полициските службеници во политички монтираниот случај 27-ми април. Припадниците на ИСИЛ добија помали казни од патриотите и припадниците на македонските безбедносни сили кои животот го посветиле во одбрана на Република Македонија кои добија 211 години затвор и беа прогласени за терористи.

Политичките затвореници не се одлика на една демократска држава, аспирант за членство во ЕУ. Македонија е единствена држава во демократска Европа која има политички затвореници во своите затвори.

Како и пресудите така и притворите во политичката монтировка наречена 27-ми април се уште едно грубо прекршување на основните човекови права и правните начела. Притворите за осудените се неосновани и неважечки со оглед на фактот што во моментот се уште се на сила паричните гаранции кои ги дадоа обвинетите.

Пендаровски е само опачина на Заев, другото лице на заевизмот, симбол за неправда и политички терор. Човек како и Заев со неконзистентни ставови, политички макијавелист чија политичка кариера е изградена на ноторни лаги. Победата на професорката Гордана Силјановска Давкова ќе го означи почетокот на враќањето на правда во Македонија, почетокот на крајот на заевизмот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО