Еко камп на иднината – секој ден е еко ден

Од:

Денот на екологијата, 21 – ви март, Општина Карпош го одбележа со завршен настан од проектот „ЕКО – Камп за млади претприемачи“ кој се одржа во ООУ „Петар Поп Арсов“ во карпош 4.

Имено, 54 деветоодделенци од сите десет основни училишта, во изминатиот период учествуваа во работилници на тема: Заштита на животната средина. Овие работилници овозможија полесно совладување на материјата по предметот Претрпиемништво и иновации (предмет кој е дел од наставната програма за 9-то одделение), а истовремено придонесоа за повисока јавна свест кај помладите за заштита на околината.

На денешниот настан, основците работеа во групи и изработуваа производ од еко – материјали.

На последниот дел од овој Еко Камп присуствуваше и градоначалникот Стефан Богоев. Тој го посочи фактот дека по изборот на „Пакомак“ Општината е рангирана меѓу најдобрите три еколошки општини во Македонија.

– Сепак, потребно е секојдневно да работиме на здрава и чиста животна средина. Ова е вистинскиот пристап, од рани години да се работи на повисока јавна свест, правилно управување со отпад, негова селекција и искористување.
Вие, младите, сте вистински пример за целата заедница и за разлика од многу повозрасни граѓани, веќе го положивте тестот на зрелост, говореше Богоев пред учесниците на Еко- Кампот.

Овие работилници се спроведоа во соработка со Институтот за претприемништво и лидерски развој при Американ Колеџ – Скопје, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, Пакомак, Агенцијата за поддршка на претприемништвo и ПСУ Американска гимназија Скопје.

На настанот се обрати и Македонка Димитрова, претседателка на научниот совет при УАКС – Институт за претприемништво и лидерски развој, која говореше за текот на проектот, интересот на младите луѓе, но, и за тоа како се „роди“ оваа идеја за Еко Камп.

– Идејата за еко-кампот произлезе од секојдневието, проблемот со загадувањето и потребата секој индивидуално, преку сопствен пример, да се заложи за почиста околина. Младите, за време на работилниците покажаа голема свест за совесно одложување на отпадот што многу ме радува и ми дава надеж за нашата иднина, заврши Димитрова.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира