Над сто илјади верници присуствуваа на неделното обраќање на папата Бенедикт Шеснаесети

Од:

Над сто илјади верници присуствуваа на плоштадот Свети Петар во Рим на еден од последните јавни настапи на папата Бенедикт Шеснаесети, пред неговото повлекување на 28 февруари.

Папата ја рецитираше молитвата Ангел Господов и се заблагодари на сите што се молеле за него и го поддржаа во текот на изминатите неколку дена откако го објави своето повлекување.

Во својата прва недела молитва, откако објави дека се повлекува папата Бенедикт Шеснаесети, ја истакна потребата од обнова на Црквата.

Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика сите нејзини членови да се ориентираат кон Бог и да се одречат од себичност и гордост.

– Црквата ги повикува сите свои членови кон обнова, шро значи битка, духовна борба, бидејќи лошиот дух се обидува да не отргне од патот кон Бога, изјави Папата од балконот на апостолската палата пред десетици илјади верници на плпштадот Свети Петар.

Папата се заблагодари на верниците на неколку јазици. Потоа на шпански ги повика да продолжат да се молат за него и следниот папа.

Според проценките на властите на плоштадот присуствувале околу 150.000 верници да го видат 85-годишниот папа, кој во понеделникот објави дека на 28 февруари ќе се повлече по осумгодишната служба поради старост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска