Милетиќ: Свесен сум дека со оваа постапка нанесов штета на „Сојузот за иднината“

Од:

Драгиша Милетиќ, претседателот на Српската напредна странка во Македонија, со соопштение тврди дека останува во опозиционата коалиција и дека до крај ќе се залага и бори за заедничките цели.

Овој став Милетиќ го соопшти откако на Стевче Јакимовски му го даде партискиот печат за да може да се кандидира за градонаќалник во општина Карпош.

„Свесен сум дека со оваа моја постапка нанесов штета на „Сојузот за иднината“, иако лично верувам и целосно сум убеден во исправноста на одлуката за бојкот на локалните избори.

– Како пратеник ја потпишав оставката и истата ќе ја депонирам во Собранието на денот на одржување на локалните избори“, пишува Милетиќ во соопштението до јавноста.

Милетиќ вели дека има целосно разбирање за реакциите кои ги предизвика со неговиот потег.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он