[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Арапската Република Египет денес ја призна независноста на Косово.
На заедничката конференција за новинари косовскиот премиер Хашим Тачи и помошничката на претседателот на Египет, Пакинам Хасан Халил Ел Шаркави соопштија дека Египет го призна Косово.
Во Приштина се проценува дека ова признавање е од голем значај и дека ги отвора вратите за признавање и од другите земји членки на организацијата „Исламска соработка“.