Вооружени напаѓачи на северот на Нигерија грабнаа седуммина работници на една либанска градежна фирма и убија телохранител, соопшти денеска нигериската полиција.
-Непознати напаѓачи извршија напад на градилиштето на компанијата „Сетрако“ и грабнаа седуммина работници, изјави шефот на полицијата Мухамед Ладан, пренесуваат агенциите.
Нападот се случил изминатата ноќ во северната нигериска држави Баучи.
Меѓу грабнатите странци има државјани на Велиа Британија, Грција, Италија и Либан.
Првично напаѓачите нападнале локален затвор, а потоа се насочиле кон градежната компанија Септрако, каде убиле еден од чуварите и ги грабнале странските работници.
Во последно време исламистичката секта Боко Харам води кампања на бомбашки напади и грабнувања, со кои властите на Нигерија не можат да се справат.