Јакимовски исклучен од СДСМ, кандидатурата спротивна на одлуките на партиите од „Сојузот на иднината“

Од:

Постапката на Стевчо Јакимовски да поднесе кандидатура за градоначалник на општина Карпош, од СДСМ сметаат дека е спротивна на одлуките на партиите од „Сојузот за иднината“ и ја оценуваат како кукавички и предавнички чин.

– И покрај се’, во СДСМ и во здружената опозиција постои уште поголемо единство за бојкот на престојните локални избори, одлука која е исклучиво во интерес на Македонија и нејзините граѓани, стои во соопштението од СДСМ.

Во него се додава дека од денеска Стевчо Јакимовски повеќе не е член на партијата.

СДСМ им оддава признание на коалициските партнери кои, како што наведуваат, покажаа високи морални вредности, цврста решеност и одлучност, заедно да опстоојат на политичката борба за повисоки цели во интерес на државата.

– Сакаме да ја информираме јавноста дека во изминативе денови, власта на секаков можен начин се обидуваше преку злоупотреба на државните институции, закани, уцени, па дури и со непристојни понуди, да убеди некој кандидат или партија од здружената опозиција да одигра епизодна улога за Никола Груевски.

– Нема никакви дилеми дека тоа единствено им успеа со Стевчо Јакимовски, новиот глумец на “фамилијата“, кој со задоволство ја прифати улогата на тројански коњ. За жал, од вчера во Карпош, ВМРО ДПМНЕ има двајца свои кандидати за градоначалник.

– Убедени сме дека жителите на оваа Општина точно ќе препознаат кога личниот интерес се става над општиот и затоа повторно со своите мудри постапки ќе покажат дека Карпош не смее да биде прибежиште за поединци со кратка меморија и двоен морал, туку ќе остане бастион на СДСМ.

– Земајќи предвид дека излегоа на виделина вистинските мотиви за неговиот трансфер во СДСМ, каде во изминатиот период ја уживаше целосната доверба на членството и симпатизерите да обавува високи и одговорни функции, ја известуваме јавноста дека од денес Стевчо Јакимовски повеќе не е член на партијата.

– Ја користиме оваа прилика јавно да им оддадеме признание на коалиционите партнери кои покажаа високи морални вредности, цврста решеност и одлучност, заедно да опстоиме на политичката борба за повисоки цели во интерес на државата.

– Ништо не може да не поколеба и нема да отстапиме од нашите заложби за враќање на Македонија на вистинскиот пат“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија – реакција на Петровска по изборите во СДСМ

Аврамовска – Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто

Горан Наумовски

Деспотовски: Утре ќе поднесам приговори за забелешките од контролорите

(ВИДЕО) Аврамовска Мадиќ: Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ се одвива непречено, во фер и демократска атмосфера

СДСМ избира нов лидер на партијата

Горан Наумовски

СДСМ утре избира нов лидер на партијата