Притвор за скопјанец за „џепна кражба“

Од:

СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицето И.Ј. (44) од Скопје осомничен дека на 08. овој месец околу 16.40 часот на бул.„Гоце Делчев“ на автобуската постројка пред ТЦ Мавровка во автобус број 2 на ЈСП искористувајќи ја гужвата извршил кривично дело „џепна кражба“ над лицето Ј.Ј. (27) и од ташната и го одзел паричникот.

Истражен судија на И.Ј. му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Имено  на 08.02. околу 16.40 часот на бул.„Гоце Делчев“ на автобуската постројка пред ТЦ Мавровка И.Ј. ја искористил гужвата во автобусот број 2 на ЈСП додека оштетената купувала автобуска карта во автобусот и протнувајќи ја раката во ташната која ја носела со себе и одзел паричник во кој имало лична карта, дебитна платежна картичка и 11.500 денари. По извршувањето на кражбата, соопшти денеска МВР, И.Ј. бил забележан од страна на оштетената при што побарала помош од присутните патници во автобусот.

Од страна на полициски службеници  од  Одделението за имотни деликти тој е фатен и приведен во ПС ОН „Бит Пазар“. При извршениот личен претрес кај него е најден скриен ракав во неговиот лев ракав од јакната.

Инаку, И.Ј. во крим.евиденциите на СВР-Скопје минува за сторени повеќе кривични дела „џепна кражба“, „кражба“, „измама“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, “насилство“, „предизвикување општа опасност“.

Би можело да ве интересира

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он