Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица.
Станува збор за триесет и седумгодишниот Ѓокман Танис, роден во Турција. Тој е осомничен дека денеска отворил оган во трамвај во Утрехт, при што убил три, а ранил девет лица.
Претходно, полицијата објави негова фотографија на „Твитер“, а на локалните жители им беше советувано да не му пристапуваат на човекот, туку веднаш да се јават во полиција.
Фотографијата е принтскрин од снимката од безбедносните камери направена во трамвајот