Примаков: НАТО да ја надомести штетата предизвикана со воените операции

Од:

НАТО треба да одговара за многу постапки, меѓу кои и за бомбардирањето на СР Југославија, оцени денеска членот на Одборот за меѓународни работи во рускиот Парламент Евгениј Примаков. Зборувајќи по повод 20 години од бомбардирањето на СРЈ тој оцени дека Алијансата треба да исплати надомест за штетата предизвикана од воените операции.

– Тука се Либија и другите агресивни напади кои ги иницираше НАТО. Уверен сум дека е законско прашањето за репарација и компензации. НАТО и членките кои учествувале мора да исплатат репарации за воените операции. Луѓе останаа без домови, без работа, уништени беа мостови, нафтени складишта, изјави Примаков во Белград.

Тој истакна дека бројот на жртви за време на НАТО бомбардирањето бил поголем отколку бројот на жртви во косовскиот конфликт, пренесува Танјуг.

– Многу бомби беа фрлени на Југославија. Околу два килограма железо на секој жител на Југославија. Хуманитарната акција се претвори во хуманитарна катастрофа, рече Примаков.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени