Одбележан е светскиот ден на крводарителството

Од:

Општина Карпош во соработка со Црвениот крст (Општинска организација – Карпош) го одбележа 17-ти март, Светскиот ден на крводарителството и денот кога е основан Црвениот крст во нашата држава.

Традиционално, се доделија признанија на деветмина хумани граѓани – крводарители, како и на претставници на организации, институции и фирми.

Градоначалникот Стефан Богоев ги додели благодарниците на сите крводарители кои во изминатата година дарувале крв по 50 – ти, 75-ти или 100-ти пат.

– Карпош е симбол на светската солидарност. Голем број на метрополи придонеле во обновата на Градот Скопје, а со самото тоа и на Карпош, по катастрофалниот земјотрес во 1963. Затоа имаме и голем број на улици кои се именувани по имиња на светски градови: „Римска“, „Атинска“, „Париска“, „Хелсинки“ и др. Сакам да Ви честитам за хуманоста и за фактот што претставувате вистински пример во локалната заедница, но и во општеството, посочи во оваа пригода Богоев.

Пред присутните се обрати и Билјана Костова, претседател на ОО Црвен крст – Карпош и членка на Советот, која напомена дека Карпош е лидер по бројот на хумани луѓе кои се одважиле, дарувале крв и спасиле нечиј живот.

Дополнително, секретарот на ОО Црвен крст – Карпош, Маре Поповска, на градоначалникот Богоев му додели благодарница за локалната самоуправа, за големиот придонес што Општината го дава на полето на организирање на хуманитарни настани и крводарителски акции, во кои, во изминативе години, се собрани повеќе од 3.500 крвни единици.
Благодарници за особен придонес им беа врачени и на Факултетот за информатички науки и технологии (ФИНКИ), Клиничката болницата „Аџибадем Систина“ и на МПЦ – Скопска епархија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје