(ВИДЕО) Костадинов: Иванов да каже како неговиот син се стекнал со два стана

Од:

„Според јавно објавените информации, синот на Ѓорге Иванов купил два стана, над 200 метри квадратни, на атрактивна локација на Водно.

Типично за сите нечесни политичари, молк по овие објавени информации.

Со кои пари синот на Иванов купил два стана кога не е вработен?

Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови?

И уште поважно, со кои пари ги купиле становите, бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит“, праша Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Добро е што Државната комисија за спречување корупциија отвори предмет за овој случај.

Мора да се расчисти до крај, јавноста заслужува одговори.

Иванов припаѓа на нечесна политичка структура позната по нечесниот однос кон законите, уставот и граѓаните.

На истата структура и припаѓа и Гордана Силјановска. Таа е горд застапник на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Силјановска и Иванов и двајцата бранат насилсници и криминал, и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата.

Затоа на претстојните избори, граѓаните ќе изберат чесен и правичен претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски.

Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе ја води државата напред и нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска кој ќе работи нечесно и спротивно на државните интереси“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв