Германија е вториот полуфиналист

Од:

Репрезентациите на Германија е вториот полуфиналист на Европското првенство во фудбал, откако во втората четврфинална пресметка ја прегази Грција со 4:2.

На средбата во Гдањск, трикратниот европски првак, осми пат се пласираше меѓу најдобрите четири селекции, а за максималниот учинок на ЕП, односно за четвртата победа се погрижија Филип Лам во 39. минута, Самарас изедначи во 55. минута но тоа само ги разлути Германците, следуваа трите погодока за големиот фаворит на шампионатот, кој атакува на нова титула по пауза од 16 години.

Сами Кедира одново и донесе предност на Германија, кога за 2:1 погоди во 61 минута, а триумфот го потврдија уште двајца различни стрелци, најпрвин третиот гол го реализираше Мирослав Клосе, а потоа во листата на стрелците се запиша и Марио Реус во 78 минута.

Конечниот резултат го постави Димитриос Салпингидис со погодок на една минута пред крајот од пенал.

Германија за противник во полуфиналето што е закажано на 28 јуни, кога ќе го очекува подобриот од пресметката помеѓу Италија и Англија, средбата со која во недела ќе биде затворена четврфиналната програма на континенталниот собир.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска