Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ ги повика жителите на главниот град да останат мирни и да не наседнуваат на провокациите на Драгaн Ѓилас и Бошко Обрадовиќ.
Тие сакаат насилство и крв на улиците на нашиот град, рече Весиќ и наведе дека двајцата политичари како и сите што влегоа насилно во РТС кривично ќе одговараат во согласност со законот.
-Насилниот упад на хулиганите во зградата на РТС, уништувањето на државниот имот и заканите кон новинарите го организираа Ѓилас и Обрадовиќ, сцени за кои верувавме дека во Белград повеќе нема да се повторат. Белград не заслужува овие хулигани да го уништуваат, рече Весиќ.
-Видовме за каква слобода на медиуми се залагаат, со оглед дека им се закануваа на новинарите кои мислат поинаку од нив. Ние видовме дека Ѓилас и Oбрадовиќ единственото што им го нудат на граѓаните е насилството, рече Весиќ.