Силјановска-Давкова: Власта која бара да се извинам за 27 април, го амнестираше Крсто Мукоски

Од:

Како надпартиски кандидат јас сум погрешна адреса за барање одговорност или извинување за настаните од 27 април, вели претседателскиот кандидат, Гордана Силјановска-Давкова, во однос на изјавата на нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски дека таа го релативизира настанот.

-Моја искрена намера беше и ќе остане да придонесам за фер и демократски избори, преку сопствен пример: со коректен однос кон противкандидатите и со држење на високо ниво на јавна дебата. Уште во моментот кога моето име се појави како можен кандидат, станав цел на ad hominem, лични и навредливи напади од страна на портпаролот на СДСМ. Потоа, господинот Заев почна да ми дели лекции за почитување на Уставот, а сега со партиско соопштение се удира по мојата личност со спинување на кажаното во врска со вчера изречените пресуди. Одлучив да не одговарам на ниски провокации и недолични прозивки, дури и кога доаѓаат од врвот на владејачката партија, и едвај чекав да се соочам со противкандидатот, колегата Пендаровски.

Но, откако и тој се придружи на партискиот хор, импутирајќи ми нешта кои не сум ги рекла, ќе морам јавно да им порачам две работи:

– Прво, тоа што Пендаровски ги присвои мојот слоган „за право и правда“ го сметам за мој позитивен придонес во освестувањето на власта, која го изгуби компасот уште многу одамна.

– Второ, како надпартиски кандидат јас сум погрешна адреса за барање (правна!?) одговорност или извинување за настаните од 27 април.

Подготвена сум во ТВ дуел да ги соочам аргументите за кршењето на процедуралните правила за правично судење со Пендаровски, но и да потсетам дека токму оваа власт го амнестираше Крсто Мукоски од директната одговорност за последиците од насилството во Собранието, а со цел да обезбеди промена на Уставот.

Прашувам: дали планираат да ѝ се извинат на македонската јавност за уривањето на правната држава и за флагрантното кршење на човековите права, и на национално и на индивидуално ниво?

Или, и натаму ќе го „позајмувате“ слоганот со кој ги обединувам македонските граѓани, ќе мантрате за „правна држава“, додека ги кршите сите национални и меѓународни норми за фер и правично судење?

Господа, ве чекам на дуел, па да ѝ покажеме на македонската јавност кој е одговорен за травестијата на правдата и отстапувањата од принципите на Европската конвенција за човекови права. Наместо да нудите решенија за проблемите и да водите коректна кампања, вие сакате да се пресметате со мене, односно преку мене да се пресметате со вашиот партиски противник.

Нема да дозволам да ме инволвирате во валкана кампања, и ќе продолжам, заедно со граѓаните, да градам стратегија за подобра Македонија во која ќе важат правото и правдата, напиша Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите

Предраг Петровиќ

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски