МВР со демант за ВМРО-ДПМНЕ: Трајковски е суспендиран и не е началник на СВР Штип

Од:

МВР го демантира ВМРО-ДПМНЕ од каде на прес конференција беше кажано дека Љупчо Трајковски за кого е покрената кривична пријава за криумчарење мигранти се уште е на позицијата началник на СВР Штип.

-Најостро ги демантираме лагите и дезинформациите што на денешната прес конференција ги искажа политичката партија ВМРО-ДПМНЕ , а во врска со статусот на полицискиот службеник Љ.Т., кој токму од МВР, односно во истрагата на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Обвинителството за организиран криминал и корупција е осомничен за сторено кривично дело.

По добиено писмено одобрение од надлежното Обвинителството, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и наложи истиот да биде суспендиран до завршување на дисциплинската постапка. Љ.Т не извршува работни задачи поради користење боледување, а во моментот вршител на должност- раководител на СВР Штип е помошник началникот кој работните задачи ги извршува согласно законот. Веднаш штом ќе биде затворено боледувањето, односно Љ.Т ќе се појави во просториите на СВР Штип, решението за времено отстранување од работа односно суспензија, како што налагаат законските прописи, ќе му биде врачено. Значи, ова е само уште една во низата невистини што ги шири оваа политичка партија, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски

Фатен бегалец од штипскиот затвор осуден за убиство

Полициска акција во Скопје, се прават претреси поради лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски