Косово слави пет години независност

Од:

Косово денеска ја одбележува петгодишнината од прогласувањето на својата независност од Србија, соопштија агенциите.

Во 12 часот во центарот на Приштина ќе се оддржи парада на припадници на Силите за безбедност на Косово и на косовската полиција.

Предвидено е и свечено заседание на косовскиот парламент, посочува Танјуг.

Со бомбардирањето на НАТО во пролетта 1999 година од Косово беа истерани српските сили, кои дотогаш спроведуваа репресии врз косовските албански бунтовници, отворајќи го на тој начин патот за независноста, што беше прогласена на 17 февруари 2008 година со поддршката на САД и на мнозинството од земјите од ЕУ.

zname-albanija

Независноста на Косово досега ја признаа од околу 100 држави.

Чествувањето на петгодишнината од независноста на Косово се одбележува со значителен напредок во односите меѓу Белград и Приштина, што стана можен благодарение на посредништвото на ЕУ, и покрај тоа што Србија и натаму на оваа територија гледа како на своја јужна покраина, забележуваат француските медиуми.

Неколку спогодби се постигнати под притисок на Брисел, кој евентуалниот напредок кон членството на Србија и Косово во ЕУ го условува со нормализирање на нивните односи во рамки на дијалогот, почнат во 2011 година.

Дијалогот има за цел да го подобри пред се секојдневниот живот на приближно 1,8 милион жители на Косово.

Притиснати од Брисел, премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, од октомври веќе се сретнаа четири пати под агендата на високиот представник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина