Подобните судии Вангеловски, Зафировска, Лаличиќ и Костова се најдоа во Извештајот на Стејт департментот

Од:

Во Извештајот на Стејт департментот на САД за човековите права за 2018 година, меѓу другото е посочен специјалниот извештај на СЈО за четворицата судии кои дозволиле политиката директно да се вмеша во судството. Во Извештајот се најдоа имињата на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, поранешната членка на Судскиот совет, Александра Зафировска, судијката Сафије Лаличиќ од Кривичниот суд, Светлана Костова од Вишиот управен суд, како и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Во Извештајот на Стејт департментот се цитираат делови од извештајот за овие судии кој го поднесе СЈО и пишува: „На 14 септември, канцеларијата на специјалниот обвинител поднесе посебен извештај за судиите од незаконските прислушувања во 2008-2015 година“, а се посочува и извештајот за електронската распределба на предмети според АКМИС системот, за време додека до Кривичниот суд раководеше судијата Владимир Панчевски.

Во извештајот е наведено дека помеѓу 2011 и 2015 година, четворица судии биле инволвирани во „флагрантно кршење на интегритетот, независноста, стручноста и злоупотреби“.
„Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, споделувал клучни информации за активни случаи со политичарите и функционери за судењето.

„Поранешната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска, се консултирала со високи владини претставници за избор на политички лојални или „подобни“ судии, дека кривичната судијка, Софија Лаличиќ, ги следела наредбите на УБК и сериозно го прекршила етичкиот кодекс на судиите, а управната судијка, Светлана Костова, истовремено работела и како судија и била вработена во УБК“, пишува во извештајот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски