Седници на комисиите за надворешна политика, за европски прашања и ЗПК

Од:

Во Собранието денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и комисиите за надворешна политика и за европски прашања.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика е Предлог законот за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција (ревидирана).

На седницата на Комисијата за европски прашања ќе се одржи јавна расправа за Предлог законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во второ читање.

Законодавно-правната комисија, како што е најавено од Собранието, денеска треба да ги одржи 140-та и 141-та седница.

Членовите на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на Собранието на Република Северна Македонија ќе оствари работна посета во просториите на Оперативно – техничката агенција (ОТА) во рамки на остварувањето на своите надлежности за надзор над посебните истражни мерки за следење на комуникациите.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање