Собранието треба да ја одржи 91. седница

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 91. седница.

На дневен ред на седницата се Предлог законот за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција, ревидирана, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати и на Законот за државните награди, како о Предлог законот за инспекциски надзор.

Пратениците во рамки на оваа седница треба да го разгледаат Предлог законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа двата поднесени од пратениците Артан Груби, Зеќир Рамчиловиќ, Панчо Минов, Јован Митрески, Џеват Адеми, Ејуп Алими, Реџаиљ Исмаили, Весел Мемеди.

На дневен ред на седницата се Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, поднесен од пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, поднесен од Илија Димовски и Драган Цуклев,

Собранието треба да ги разгледа и Предлогот на националната програма за железничка инфраструктура за периодот од 2019 – 2021, Предлогот на одлука за давање согласност на Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, и Граѓанската иницијатива за собирање на потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Републиката, на Сто педесет и седум граѓани, доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров.

Пратениците ќе распрваат и по Предлог законот за прекинување на бременоста, Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“, во Исламската Република Авганистан, Предлог – одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

Во рамките на оваа 91 седница на Собранието треба да се рзгледаат и барањата за автентично толкување на три закони.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали