Забрана за авионите „Боинг 737 Макс 8“ и на небото над Велика Британија

Од:

Велика Британија забрани прелети на авионите „Боинг 737 Макс 8“ во нејзиниот воздушен простор.

Лондон го следи примерот на Кина, Република Јужна Африка, Сингапур, Индонезија, Малезија и Мексико, кои исто така забранија прелети за тој тип на авиони.

Забраната за прелети на авионите „Боинг 737 Макс 8“ е воведена по авионската несреќата во Етиопија, што се случи во неделата, при што загинаа 157 луѓе. Авион „Боинг 737 Мах 8“ во октомври минатата година се урна 13 минути по полетување од аеродромот во Џакарта, при што загинаа 189 патници и членови на екипажот.

Претходно, Оман, Етиопија, Кина, Кајмански Острови, Монголија, Република Јужна Африка, Сингапур, Аргентина и Австралија забранија авионите од типот „Боинг 737 Макс 8“ да полетуваат и слетуваат од нивните аеродроми.

Русија, Турција, САД, Италија, Норвешка, Исланд и други држави соопштија дека се во контакт со производителот на авионите Боинг и за сега леталата од типот „737 Макс 8“ продолжуваат да летаат.

Околу 370 авиони „Боинг 737 Макс 8“ се во употреба од 47 компании во моментот.

„Боинг 737 Макс 8“ првпат полетал на 29 јануари 2016 година од Рентон, Вашингтон, каде што бил направен авионот. Моделот „737 Макс 8“ е надградена верзија на моделот кој со децении доминира на небото. Оригиналниот 737 влече корени од 60-тите години на минатиот век, и со текот на годините се направени подобрувања на функциите и дизајнот, така што во различни модели, менувани се распоредот на седиштата, моќноста на моторот и слично. „Боинг 737 Макс 8“ во комерцијални летови почна да се користи во 2017 година. Една од важните подобрувања е моторот ЛЕАП-1Б, што требаше да оствари 20-отстотно подобрување во искористивоста на горивото во однос на претходните модели. Но подобрениот мотор, не беше единствената промена кај новиот модел на 737. Во новиот авион изведен е и поинаков систем на сензори.

Првично, пилотите не беа известени за промените во функционирањето на сензорите и придружниот софтвер на новиот „737 Макс 8“, но по падот на авионот на компанијата „Лајон Ер“, беше издаден прирачник за пилотите за да се запознаат со сите воведени промени со најновиот модел. Федералната администрација за цивилно воздухопловство предупреди дека ако пилотите не се запознаени со работата на нови сензори, тие би можеле да „имаат проблеми при управувањето со авионот, што би можело да доведе до спуштање на предниот дел на авионот, значително губење на надморската височина и можен судир”. Во моментов нема докази кои укажуваат на тоа дека авионот на „Етиопија ерлајнс“ ги имал истите проблеми како и „Боингот 737 Макс 8“ на „Лајон Ер“.

– Важно е да се напомене дека во двата случаи станува збор за нов авион и за ист модел. Исто така, несреќата се случила во истата фаза на летот, веднаш по полетувањето. Но, потребна е детална проверка за да се одреди точната причина за последната несреќа , изјави вчера за Би-Би-Си Џон Стрикленд, аналитичар од ЈЛС Консалтинг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов инцидент на Боинг 737, во САД се откачи капак на мотор

Авион итно се вратил на аеродромот од кој полетал поради пукнатина на прозорец

Горан Наумовски

Кина му даде дозвола за летање на авионот „Боинг 737 макс“

А1он

„Боинг“ ја призна одговорноста за несреќата на „737 Макс“ на „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година

Катерина Ѓуровски

Приземјени авиони Боинг 737-МАКС поради проблем со електричниот систем

Жарко Настоски

Боинг 737 МАКС доби дозвола повторно да лета на европското небо