Рекордно количество метамфетамини се конфискувани од властите во Источна и Југоисточна Азија во 2018 година, соопшти служба на ОН за борба со наркотици и органзииран криминал.
На прес конференција во Бангкок објавија дека во минатата година во Источна и Југоистиопна Азија биле конфиксувани 116 тони метамфетамини.
За споредба, во 2017 година во регионот се кофискувани 82 тона.
Само во Тајланд биле конфиксувани 515 милиони таблети метамфетамини. Тоа е повеќе отколку количесвото конфискувано во периодот 2016-2017 година и 17 пати повеќе октолку пред една деценија.