(ВИДЕО) Пендаровски во Битола: Tргнавме кон ЕУ и НАТО, враќање назад нема

Од:

Кандитатот за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска беше помеѓу граѓаните на Битола. Тој разговараше со граѓаните за напредокот, за иднината, за придобивките од членството во НАТО, што значи тоа за економијата, за безбедноста, за секојдневниот живот.

Во духот на денешниот ден, Пендаровски порача дека на нашето општество потребно му е помирување, со што би се ставило крај на бројните поделби по етнички, верски национални и политички основи.

Пендаровски истакна дека државата, по цела деценија порази и уназадувања, конечно тргна напред кон интеграција во ЕУ и НАТО и не смее да застане, туку да продолжи напред кон развој и напредок.

„По една деценија порази, изолација и уназадување, државата тргна напред. Не смее да застанеме сега. Овој замав мора да го искористиме. Ќе успееме бидејќи сме различни, но со исти цели, заедно. Заедно да ја градиме нашата земја како едно општество за сите, обединета и силна, како држава партнер на регионот и демократскиот свет“, е пораката на Пендаровски.

На средбите со младите беше разговарано околу преспективите и придобивките што за нив се отвораат со членството во НАТО и отварањето на првите поглавја во преговорите со ЕУ, при што заеднички беше заклучено дека токму интеграцијата во двата сојузи може да стави крај на иселувањето на младите од Битола и да ги отвори перспективите.

Граѓаните на Пендаровски му ги пренесоа очекувањата, бараат вистински претседател кој ќе обединува и сплотува, ќе работи во нивен интерес и ќе ја води државата кон ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

За Кремљ избори во Романија се многу „чудни“

Тесна предност за левичарите пред десничарите на претседателските избори во Полска

Илјадници Романци ја славеа победата на Дан на претседателските избори

Горан Наумовски

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи