Силјановска: Пларформите на Матка се злосторство против природата и демократијата

Од:

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Сарај.

Пред присутните Силјановска Давкова истакна дека идејата на локалната самоуправа отсекогаш била локалната демократија и воспоставување на контратежа на централната власт.

„Идејата на локалната самоуправа отсекогаш била локалната демократија, воспоставување на контратежа на централната власт заради деконцентрација на моќта и обезбедување слободен простор за дејствување на граѓаните во општините. Она што се прави со платформите во заштитениот појас, но и во поширокиот простор на Матка, е злосторство и против природата и против демократијата и нејзините принципи. Општините не се држави во држава, и за нив важат законите – освен ако се препуштиме на логиката на локален грабеж и самоволие во интерес на локални шерифи, а на штета на граѓаните. Она што го видов на Матка, дури и во еден прекрасен сончев ден и покрај срдечните средби со посетителите, навистина растажува. Ако ја сакаме Македонија, ако ја сакаме Матка, ако ги сакаме сите наши природни убавини, треба да ги чуваме заедно, обединети, и во согласност со владеењето на правдата. Апелирам итно постапување на надлежните институции, а ги има многу на број кои се повикани да дејствуваат, или ќе ја изгубиме оваа оаза на убавината и спокојот во близина на главниот град. Да се обединиме за да завладее правото и правдата во нашата Македонија“, вели Силјановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември