Ватикан ја дозволува можноста конклавата на која треба да се избере новиот папа, по повлекувањето на Бенедикт Шеснаесети, да почне пред 15 март, ако доволно кардинали бидат во Рим за изборот, пренесоа светските агенции.
Претходно Ватикан соопшти дека конклавата ќе почне меѓу 15 и 20 март.
Согласно црковните правила, треба да минаат 15-20 дена по ослободувањето на папската должност, за да се пристапи кон изборот на нов римски поглавар. Тоа значи дека најраниот датум е 15 март.
Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди денеска изјави дека овој пат правилата може да бидат различно толкувани, бидејќи станува збор за објавено повлекување, а не за ненајдејна смрт на папата.
Периодот од 15-20 дена е определен за на постојните кардинали да им овозможи да пристигнат во Рим. Но сега кардиналите веќе знаат дека Бенедикт Шеснаесети на 28 февруари ќе го заврши својот понтификат и имаат доволно време да дојдат во Рим, забележа Ломбарди.