Самопрогласениот претседател на Венецуела и лидер на опозицијата Хуан Гваидо ја обвини власта за снемувањето електрична енергија во земјата.
„Луѓе умираа по болниците поради тоа што немаше струја. Ова е вистинско зло. Неопходна е смена на власта“, рекол тој.
Гваидо не верува дека станува збор за саботажа како што тврди претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
„Сите знаеме дека вистинската причина за лошата состојба на електродистрибутивната мрежа е корупцијата во тоа поле“, рекол тој.
Во меѓувреме струјата почнала да се враќа во делови од Венецуела, вклучувајќи ја и престолнината Каракас.