Орав ги критикуваше македонските затвори

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав на вчерашната презентација на проектот „Социјална инклузија на лицата што издржале затворска казна“ во Прилеп, упати забелешка за македонскиот затворски систем, но и надеж дека сите реформски зафати со поддршка од ЕУ ќе донесат резултати.

Евроамбасадорот Орав се осврнал и на поголем број проблеми.

-Лошото менаџирање, материјални услови, ограничената здравствена заштита, недостигот од образовни и рехабилитациски активности, посебно на малолетниците, независен механизам за инспекција, со цел да се третираат тие прекршоци и да се казнат виновниците, остануваат прашања кои треба да се адресираат. Исто така, пренаселеноста во затворите останува во просек до 25 проценти – оценил амбасадорот Орав.

Од Управата за извршување санкции велат дека се инвестирани повеќе од 50 милиони евра за реконструкција на четири затвори, а до крајот на април се очекува да започне да функционира и затворот во Куманово.

Би можело да ве интересира

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран