Лажел дека организира манифестација за Тоше и зел 1.600 евра

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Крушевската полиција поднесе кривична пријава против З.А. од Прилеп поради сомнение дека сторил измама, кривично дело.

Според истрагата, осомнилениот на 16-ти октомври минатата година престојувал во Круева за време на манифеставијата „Ултра маратон Тоше Проески-2012“, и потоа се запознал со Д.И. државјанка на Словенија. Пријавениот невистинито се претставувал дека пред пет години учествувал на маратонот и дека бил еден од членовите на Организациониот одбор на маратонот, при што се „пожалил“ дека Организациониот одбор на манифестацијата се соочува со финансиски проблеми и дека не може да ги покрие трошоците на маратонот.

Оштетената му ставила нешто во џебот на З.А., односно му кажал дека во џебот ставила пари кои тој требало подеднакво да ги подели на учесниците на маратонот како подарок од фановите на Тоше Проески од Словенија.

Пријавениот по средбата заминал во тоалет и видел дека во џебот има 1,600 евра (11 банкноти од 100 евра и една банкнота од 500 евра), а потоа околу 15 часот заминал од Крушево.

Истиот ден се упатил за Скопје заедно со негови другари на фудбалскот натпревар Македонија-Србија. Оштетената кога дознала дека нема такво лице во Организациониот одбор на манифестацијата и дека парите не се поделени на учесниците на маратонот веднаш побарала од директорот на Фондацијата „Тоше Проески“ да ја пријави измамата во полиција.

Таткото на пријавениот му се јавил додека бил во Скопје и му кажал дека дома го барале полициски службеници, така што осомничениот сфатил оти измамата е откриена и, според неговиот исказ, во револт ги запалил сите банкноти. По обавениот разговор, тој се согласил да врати дел од парите, односно вратил 1.200 евра, кои со потврда за вратени предмети и се дадени на оштетената.

 

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски