СДСМ: Македонскиот идентитет е заштитет, доволно е да се погледне личната карта во ОН и се е јасно

Од:

„Како што наближуваат претседателските избори, така ВМРО-ДПМНЕ шири се поголеми лаги, во страв и паника од извесниот поразшто ги очекува.

Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени.

Придавката македонски не се брише, тоа е истата стара лага на ВМРО-ДПМНЕ. Македонски останува за се она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент.

Идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден. Доволно јасно е само да се погледне регистарот на Обедниети нации, Македонски јазик, македонско итн.

Оние институции кои се однесуваат на македонската националност и припадност, остануваат македонски.

На пример МНТ останува Македонски народен театар бидејќи е на македонскиот народ, а има и Турски и Албански театар.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку лаги да се обидуваат да внесуваат вознемиреност во јавноста. Граѓаните ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе одберат вистински претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе државата кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он