Пешаци повредени по удар од автомобил во Струга

Од:

Двајца пешаци се поврeдени во Струга при удар од патничко моторно возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, на 5 март годинава околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ возилото управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта.

– Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Скандал во Хрватска: Полицајци имале сексуални односи во службено полициско возило

Предраг Петровиќ

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски

Српското МВР го активираше системот „Пронајди ме“: Исчезна 12-годишната Анѓелија Димитријевиќ

Горан Наумовски

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје