[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]На небото над централниот дел на Куба вчера вечерта се воочи тело кое наликуваше на метеор, кој се претвори во огнена топка и експлодира, јави кубанската телевизија, повикувајќи се на изјавите од очевидците.
Жителите на општината Сиенфуегос изјавиле дека околу осум часот на небото забележале светол предмет, за кој велат дека бил во големина на автобус.
Предметот се претворил во огнена топка, поголема од Сонце – изјавиле очевидците и додале дека неколку минути подоцна, слушнале силна експолозија.
Експертите трагаат за евентуални остатоци од неидентикуваниот предмет, пренесуваат медиумите.
Се уште не е познато дали метеорот во Куба е поврзан со вчерашната стравотна експлозија во Русија, во која беа повредени повеќе од 1000 луѓе.