Почина еден од најпознатите сериски убијци во САД

Од:

На 85-годишна возраст почина Хуан Корона, еден од најпознатите сериски убијци во САД. Тој служеше доживотна казна затвор за 25 убиства во Калифорнија.

Во моментот кога беше уапсен, во 70-те години од минатиот век, Корона беше серискиот убиец кој во САД одзел најмногу животи. Американските медиуми објавуваат дека се сомничи оти извршил и други убиства, но телата на тие жртви никогаш не се откриени.

Хуан Короно се родил во Мексико и емигрирал во САД како тинејџер. Одредено време бил лекуван од шизофренија, но потоа бил ослободен. Започнал да се занимава со земјоделие во близина на градот Јуба, за што најмувал сезонски работници за неговите овоштарници. Токму тие работници биле неговите жртви, кои тој ги силувал и убивал со мачета. Во 1971 година земјоделец пронашол човечки остатоци во градина за праски во близина на Џуба. Во џебот на телото била откриен потврда од банкарска исплата од компанијата на Хуан Корона и така тој бил поврзан со убиствата.

Би можело да ве интересира

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел