„Ел Класико“ од 26-тото коло на Ла Лига, кое се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, имаше тензични моменти, особено по агресивниот влез од страна на Серхио Рамос против Лионел Меси на крајот на првото полувреме.
Телевизионото шоу „Ел Партидазо де Вамос“ покажа снимки, во кои се гледа како дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регилон ги навредува Луис Суарез и Лионел Меси.
Во една од ситуациите Регилон се соочува со Луис Суарез и му вели: „Не ме допирај, не ме допирај. Ти си навистина грд, ти си навистина грд“.
Semana de doble ración de #ElPartidazoDeVamos. La secuencia íntegra y mucho más a las 22:30 en #Vamos. pic.twitter.com/IRWKSUQC4W
— #Vamos de Movistar+ (@vamos) March 3, 2019
Подоцна се вмешува и Лионел Меси. Дефанзивецот на Реал Мадрид се обраќа на Аргентинецо на следниов начин: „Што? Што се случува? Што те мачи? Болва“.