Бочварски изврши увид во изградба на водоводна линија во „Балканска“

Од:

Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ заеднички работат на водовод за водоснабдување на 600 жители во населба Балканска. Со ова се решава проеблем којшто трае од осамостојувањето на државата и конечно граѓаните на населба Балканска ќе имаат чиста вода.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од ЈП „Исар“ извршија увид во работата на јавното претпријатие на поставување на две водоводни линии за приклучок на населбата Балканска.

„Главната линија ќе биде околу 1200 метри и ќе биде поделена на 3 краци, а цената ќе биде околу 5 милиони денари. Со ова решаваме еден од најголемите проблеми во цела општина, затоа што со ова ќе добијат околу 600 жители чиста вода. Досега имаме изработено 1250 метри од овој магистрален водовод, такашто имаме инвестирано околу 14 милиони денари и дополнително со овие 5 милиони денари имаме инвестиција од 19 милиони денари,“ изјави Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“