(ВИДЕО) Стоилковски: Заевизмот повторно нуди стари истрошени ликови, претставувајќи ги како нови

Од:

„На Македонија и требаат нови лица во политиката кои што ќе работат за доброто на сите граѓани во државата, без разлика на нивната партиска етничка или верска припадност. Актуелната власт не` подели на подобни и неподобни, добиваат тие што имаа партиска книшка. Власта со криминалот не се справува секаде подеднакво – полициски акции има таму каде што ќе одредат само неколку лица од власта“.

„Ова почитувани, ова се зборовите на Стево Пендаровски, за време на кампањата во 2014 година, кога катастрофално беше поразен од граѓаните! Дали сега Стево Пендаровски во Гостивар и Врапчиште, каде што ги имаше кажано овие зборови повторно ќе се претставува како ново лице? Ќе ја повтори ли оценката за криминалот и безбедноста, кои што сега за жал се во многу полоша состојба? Ќе даде ли оценка за „подобноста“ за вработувањата во администрацијата, или пак за добивање стипендии од 40.000 долари“, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ова т.н. „новото лице“ на Пендаровски, истата година во Крива Паланка порача дека ако станел претседател: „Немам намера да потпишувам закони кои што важат за една група на граѓани“!

Колку групи граѓани разликува Пендаровски? За која група на граѓани тој го гласаше законот за двојазичност?

Останува ли на поделбата на групи: оние кои што тој ги нарекува стока во трло и оние кои се негови блиски?

Заевизмот на власт повторно ви нуди стари истрошени ликови, претставувајќи ги како нови. Всушност, заевизмот и го нуди Пендаровски како докажан послушник, поддржувач и извршувач на заевизмот. Пендаровски е докажан, еднаш легитимираше криминални крвави избори, што ли сега е способен да легитимира за партиски цели?

Граѓаните го препознаа заевизмот, власта тоне, но во своето тонење се најопасни. Не смее да се дозволи Македонија целосно да падне во рацете на заевизмот. Заедно ќе го турнеме овој деспотски режим кој што повторно во обланда наречена Стево Пендаровски нуди обесчестување на државата и на македонскиот народ!

Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ. Победник и нов претседател на Република Македонија е Гордана Силјановска Давкова“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски