Во Велес, Кавадарци и Неготино 18 возачи во саботата и неделата возеле под дејство на алкохол. При акциската контрола на СВР Велес во Велес се регистрирани седум, Кавадарци девет прекршоци и Неготино два.
Како што појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, на сите возачи им се издадени мандатни платни налози за сторениот прекршок и истите се отстранети од сообраќај.