Џафери ја одложи интерпелацијата за Спасовски

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја одложи собраниската расправа по однос на интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Собранискиoт спикер не навлегуваше во детали во врска со оваа одлука, но кажа дека седницата повторно ќе биде ставена на дневен ред, по дополнителни договори.

Интерпелацијата за Спасовски беше поднесена од пратениците од опозицијата.

Џафери ја одложи и седницата за реформските закони која исто така беше на дневен ред.

Спикерот ги замоли координаторите на пратеничките групи да обезбедат услови, затоа што, како што рече, за овие закони треба двотретинско мнозинство.

Седницата за законите и правосудството треба да продолжи во 14 часот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on