Димитров доби медал за 25 години од дипломатските односи со Чешка

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со чешкиот вонреден и ополномоштен амбасадор Мирослав Томан кој му врачи медал од чешкото Министерство за надворешни работи по повод 25 годишниот јубилеј од воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека на средбата се потврдени пријателските односи меѓу двете држави и разговарано е за интензивирање на билатералната соработка особено на економската размена.

На средбата е разговарано и за процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и поддршката што ја добива од Чешка.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток