Полицијата во Непал денеска уапси над 20 демонстранти, кои протестираа против силувањата, откако се обиделе да го пробијат полицискиот кордон пред премиерската резиденција, јави ДПА.
Меѓу демонстрантите и полицијата избувнале судири во кои неколку лица се повредени.
Над 50 дена пред премиерската резиденција во главниот град Катаманду се организираат протести поради тврдењата дека млада жена била силувана и ограбена од аеродромски службеници.